Мисија на Ф.В.Е

Да внесе нов живот во Виа Егнациа и на регионите околу патот, со цел Виа Егнациа повторно да стане начин на поврзување на луѓето преку контакти, размена на знаење и културни вредности. Конкретниот дел од мисијата е да помогнеме во развивањето на Виа Егнациа во една безгранична пешачка патека. Односниот дел од мисијата се однесува на стимулирање на соработка и размена помеѓу луѓе, организации и експерти кои имаат интерес во Виа Егнациа.

Сите активности на Ф.В.Е. имаат еден главен фокус а тоа е стимулирање на економскиот и социјалниот развој на регионите долж Виа Егнациа и развој на пријателствата и промовирање на мир и соживот преку поврзување на луѓето од повеќе земји.

Принципи на Ф.В.Е. (Фондација Виа Егнациа)

  1. Ова не е наш пат. Ниту пак Виа Егнациа припаѓа некому. Виа Егнациа е дел на заедничкото културно наследство кое вреди да биде заштитено и зачувано.
  2. Ф.В.Е. е непрофитабилна организација.
  3. Комуникација и рамноправна соработка со локалното население и организации.
  4. Почит кон животната средина, природа и култура.
  5. Кооперација и тимска работа на сите нивоа на организацијата.
  6. Разноврсни таленти и придонеси се вреднувани во Ф.В.Е.
  7. Битните одлуки што се однесуваат до Виа Егнациа треба да се базирани што е можно повеќе на научни истражувања.
  8. Стимулација на интердисциплинарни и интернационални истражувања за Виа Егнациа.
  9. Историскиот научен материјал кој ќе се користи за целите на проектот треба да се базира на заедничката историја на регионот.
  10. Фокус на меѓу-гранична соработка и активности а не само на локални активности.
  11. Стимулирање на туризмот кој е базиран на реален интерес и посветеност кон регионот на Виа Егнациа.
  12. Стимулација на креативност и уживање на сите нивоа и во сите (под) проекти.

Примери на активности на Ф.В..Е:

  • Создавање на книга и документарен филм за животот долж Виа Егнациа
  • Младински програми на размена на луѓе кои работат на археолошките локалитети како и размена на ученици од школи кои се наоѓаат долж патот
  • Археолошки случувања (истражувања, презентации...) долж Виа Егнација
  • Развој на едукативен материјал базиран на заедничката историја на Виа Егнациа
  • Организрање на концерти со музичари од сите земји каде поминува патот
  • Организација на патувачки експедиции за изучување на историјата на В.Е.
  • Помош при презервација и реконструкција на самиот историски пат
  • Поддршка на локални иницијативи како на пример селски туризам, преноќишта за луѓе и животни (магариња, коњи)

Примери на тоа што Ф.В.Е. не прави:

  • Ние не организираме туристички настани
  • Ние не финансираме активности кои не се поврзани со Ф.В.Е.
  • Ние не го присилуваме локалното население да ги прифати нашите проекти
  • Ние нема да соработуваме со нациналистички организации ниту со оние со такви цели
  • Ние нема да завземаме страни во конфликтите помеѓу земјите во регионот

И уште еднаш да повториме дека целта на сите научни, човечки и културни дејства е да се придонесе кон развитокот на регионите долж Виа Егнациа и крајна цел е да се развива пријателството и мирот преку поврзувања и запознавања помеѓу луѓето во овој регион.

Ако би сакале и вие да дадете свој придонес кон овој проект со вашето знаење и креативност ве молиме контактирајте го нашиот координатор.